Режисерот Унковски се огласи за Тамара

Слободан Унковски, театарски режисер, универзитетски професор

Се прашувам од каде исплива овој квазипатриотски талог за да ја сотре ако може Тамара? Им е криво што беше најдобра на Евровизија? Им пречи дека пееше на Прајд? Или навистина е причината за оваа непримерна хајка дека не ја отпеа целата химна? Бидејќи се работи за робот, грешка не прифаќате, вие никогаш и никаде не сте грешеле. Па уште ќе ја судите, ќе ја санкционирате бидејќи вие ги знаете тајните завери и намери за сотрување на нашево постоење и нација. Сто години стоиме на местото за жртва и никако да и се израдуваме на можноста да станеме активен чинител во својот спас, напредок и радост.

Квазичувари на химната, глутница на грдото, се храните ли со нешто друго освен со отров, злоба, жедни ли сте за крв, за сотирање на и она малку што е убаво и по што не препознаа во светот?

Македонецот не успеа да го стави во ред својот сопствен свет, да ги артикулира и разбере своите трауми а особено работите кои не може самиот да си ги објасни, а лутината која му е насобрана од неправедната транзиција наваму и се што потоа се случуваше во оваа четвртина век, му се враќа повторно и повторно, усмерена кон виновникот кој дента е распнат на порталите. Суштинската потреба за правда и организирана држава, нема да се реализира со черечење на било кој на Фејсбук.

Ќе го поминеме ли целиот живот во омраза, раскинување на сограѓаните, во негативни емоции и состојби за кои ни е крива државата, владата, Европа или Тамара?

Целата статија прочитајте ја ТУКА

Нова тв

- Реклама -