Резбање на листови е една од најновите форми на уметност, чија инспирација доаѓа од убавината на природата. Создавањето на уметност од лист е долг и комплициран процес.
Листовите поминуваат низ процес од 60 чекори, како рачно сечење и отстранување на надворешната површина на листот без оштетување на жилите бидејќи тие додаваат детали на делото. Пресување, сушење и боење се само неколку од останатите чекори кои се потребни за подоготвување на листот.
Користејќи го листот како платно, искусни уметници создаваат уметничко дело целосно искористувајќи ја формата и структурата на листот. По специијалната обработка, листот создава природен траен пигмент, па бојата е стабилна и отопрна на корозија. Листовите се третираат за да добијат издржливост поголема од дебел лист хартија. Големината на уметничките дела варира бидејќи сите листови имаат различна големина. Секој лист има ширина од 20-25 сентиметри. Завршениот производ е силен, издржлив, природен и убав.