Сакате да ослабете, но не сте на диета? Без грижа, научниците искреирале алка која регистрира сè што јадете – и ви укажува кога е доста.
Алката која го носи името „WearSens“ има облик на метален прстен со сензор што забележува сè што минува низ вашето грло.
Нормално, научниците отишле чекор подалеку со технологијата, па така алката можете да ја поврзете со вашиот паметен телефон кој ќе ве предупреди дали сте го надминале дневниот лимит на внесување на калории. Исто така, ќе добиете и предупредување доколку премногу конзумирате нездрава храна.
Овој уред го развија инжинерите од Универзитетот во Лос Анџелес. До сега алката ја испробаа 30 луѓе и тврдат дека навистина функционира, пренесува „Daily Mail“.
Додека на некои и понатаму не им е јасно како функционира овој уред, други објаснуваат дека секоја намирница што ја внесуваме емитува различни вибрации во грлото, на основа на кои „WearSense“ може да препознае што јадете и пиете.
Во поголем број случаи, уредот ја препознава и разликата меѓу цврста и течна храна, како и меѓу топлите и студени напитоци.
Освен што ви помага да ослабнете, оваа алка може да послужи и како потсетник кога треба да се напиете лек.