Револуционерен пронајдок за оние со тешко оштетување на видот

Современиот уред со две камери им овозможува на луѓето со тешко оштетување на видот ( не станува збор за целосно слепило),  многу полесно снаоѓање во просторот.

Оваа голема вест од технологијата и науката доаѓа од Британија, а се работи за „паметни“ очила кои ќе им помогна на луѓето со тешко оштетување на видот повторно да го видат светот околу себе. Овој уред може да се најде на пазарот следната година, а не би требало да чини повеќе од просечен смартфон.

Паметните очила ќе им овозможат да ги следат движењата, но и изразот на лицата на луѓето околу себе. Со самото тоа се очекува значително да им се олесни животот.

Очилата работат на тој начин што комбинираат информации од инфрацрвени и обични камери, а потоа мал компјутер ги обработува тие податоци и проектира слика на стаклата на очилата, во вид на цртеж. Објектите кои се во близина се посветли.

Lin Oliver: Nekad sam videla samo uvo ili oko svog vernog psa, a sada moju Džes mogu da vidim celu

Еден од учесниците о испитувањето на очилата изјавил дека се чувствува како супер херој кога ги користи, додека други изјавиле дека значително им е подобрено снаоѓањето во просторот.

Очилата не можат да им помогнат на луѓето кои што се сосема слепи, но се многу корисни за оние кои имаат тешки оштетувања на видот. За дополнително олеснување, имаат и систем кој што ги скенира пишаните информации, а потоа преку слушалки на корисниците им ги диктира броевите во кои што гледаат.

- Реклама -