Револуционерен лек што го отстранува подбрадокот за само три дена

Направен е нов лек кој го елиминира подбрадокот за само два до три дена, без операција.

Лекот е наречен ATX-101 и чека одобрување од страна на Американската агенција за храна и лекови.

Д-р. Сузан Вајнкл вели дека лекот целосно ја елиминира потребата од козметичка операција. Како што објаснува таа, потребни се само 5 минути за да се инјектира потребната доза во областа под брадата, а процесот е толку едноставен што пациентите не мораат да носат ни завој, дури ни непосредно по самата интервенција.

double-chin3[1]

Лекот делува така што ја уништува мембраната на масните клетки во областа под брадата, предизвикувајќи ги да се распрснат.

Се разбира, постојат и контраиндикации, како отоци, модринки или намалување на чувството. Сепак, докторите ги опишуваат како „краткотрајни и благи“.

double-chin2[1]

„Вратот е критичен во формирањето на долната половина од лицето и во креирањето на нашиот профил. Со стареењето или со зголемувањето на тежината, промените во вратот можат да имаат силен ефект врз нашата самодоверба и самопочит“, вели Д-р. Дерек Џоунс за Dermatology Times.

- Реклама -