Рецепт за вкусна и запечена боранија

Боранијата е едно од оние јадења, што или ги јадеме или не, но дури и оние кои што не се фанови на оваа здрава храна,може да се поколебаат, откако ќе го пробаат ваквиот начин на подготвување.

Состојки:

500 г. боранија

2 големи моркови

2 јајца

3 лажици кисела павлака

3 лажици јогурт

сол

сув зачин

масло

Подготовка:

1. Во тепсија со вода ставете малку масло. Кога водата ќе зоврие, ставете ја исчистената боранија, па исецканите моркови, посолете и варете околу половина час (боранијата да омекне и водата речиси сосема да зоврие. Пред крајот на готвењето, додадете зачин.

11

2. Префрлете ја боранијата во друг сад. Скршете јајца, во нив додадете павлака и јогурт и измешајте.

22

3. …потоа прелејте ги врз боранијата.

33

4. Печете околу 20 минути во рерна, загреана на 200 степени, за боранијата да зарумени.

44

5. Се служи топла.  Наздравје.

55

- Реклама -