Иако временските услови се повеќе како пролет отколку зима, настинката и кашлицата речиси никого не поштеди.
Наместо бројните сирупи и апчиња од аптеките, ние ви предлагаме еден домашен лек против кашлање, без несакани ефекти и тежина на желудникот, кој може да го користат и најмладите членови на семејството.
Состојки за домашен лек против кашлица:
Мед (по можност природен)
Црна ротквица
Подготовка:
1. Издлабнете ја внатрешноста на ротквицата
2. Во издлабнетиот дел додадете го медот (водете сметка дека ротквицата ќе пушти сок, па немојте да го преполнувате со мед)
3. Ставете ја ротквицата во доволно широк сад
4. Оставете да отстои во текот на ноќта на собна температура
5. Добиениот сируп прелијте го во тегла со капак
Медот збогатен со сокот од ротквицата нема несакани ефекти, можете да го пиете по желба- во секое време, по „напад“ на кашлање и секако пред спиење за да го смирите грлото. Овој сируп е погоден за сите возрасти.