Рецепт за посни полнети пиперки

Во посните денови, денеска подготвуваме еден вкусен и посен ручек.

Состојки:

2 кромид

2 моркови

1 домат

150 гр. ориз

500 г компири

1 лажичка сол

2 лажички вегета

2 дл. масло

3 пиперки

Подготовка:

1. На масло испрежете го ситно сецканиот кромид, доматот и ренданите моркови, а потоа додадете ориз и на крајот рендан компир. Динстајте околу 20 минути. Наполнете со смесата неколку пиперки, па наретете ги врз остатокот од фил.

2. Налејте вода да впијат, ставете малку масло и зачини, а потоа печете на рерна на 150 степени, околу 90 минути.

- Реклама -