Оваа симпатична, освежувачка „пица“ е идеална за топлите летни денови.
Набавете лубеница и подгответе се, бидејќи ова лето имаме инспирација од интернет за многу вкусен појадок.
За подготовка не ви се потребни кулинарски вештини, ниту пак многу пари, туку само лубеница, овошје по избор и мала креативност.
Исечете ја лубеницата на пица парчиња, наредете на секое парче овошје по избор и уживајте.
Можете да користите банани, јаболка, капини, малини, ананас, киви, што и да посакате!
Доколку сакате да експериментирате, помешајте ги вкусовите и додадете некој сос или сирење.
Соберете го семејството или пријателите, уживајте во летните вечери, бидејќи откако еднаш ќе ја пробате, засекогаш ќе ви остане омилено летно јадење.
Прочитај повеќе: Не ги фрлајте семките од лубеница