Рецепт за локум

Локумот е препознатлив десерт во целиот свет, а најчесто се служи со турско кафе.
Состојки:

1 кг. шеќер

1 1/4 л. вода

150 г. брашно од скроб

1/2 лимон

бадемово масло

шеќер во прав

арома по желба

Начин на подготовка:

Шеќерот ставете го лонец со 1/4 л. вода. Варете го додека не добиете многу густ сируп. Кога ќе започне да добива боја, тргнете го од оган.

Посебно промешајте го брашното со литар вода, па тоа измешајте го во шеќер. Внимавајте да не се создадат грутки. Вратете го на оган и чекајте додека смесата не започне да лизга од лажицата.

Додадете лимонов сок, потоа малку арома и боја по желба.

Садот премачкајте го со бадемово масло, а потоа внатре додадете ја смесата.

Израмнете ја површината, така што ќе добиете слој со дебелина од 3-4 сантиметри.

Следниот ден исечете коцки и прелејте ги со шеќер во прав.

Наздравје 🙂

- Реклама -