Рецепт за домашно гиро

Ако сте љубител на грчката кујна, сигурно нема да пропуштите да го пробате овој специјалитет во сопствената кујна.

giro

Состојки

300 гр. месо по ваш избор
сок од еден лимон
1 лажица сушено нане
1 лажица оригано
3 лажици маслиново масло
2 чешниња лук
сол и црн пипер
зазики сос

Состојки за пита леб

200 г. брашно
100г. интегрално брашно
2 чаши вода
1 лажичка сол
3 лажички маслиново масло

Подготовка:

1.Месото исечете го на мали парчиња, ставете ги во сад и подгответе маринада. Маслиновото масло помешајте го со лимонов сок, додадете сушено нане, оригано, сол, мелен бибер и згмечен лук. Прелејте го месото со маринада и оставете го во ладилник да отстои неколку часа.

2. Во сад за правење пита помешајте го брашното и солта, па додадете вода и масло. Тестото добро измесете го и оставете го да отстои најмалку половина час. Поделете го на 10 топчиња и развијте тесто со големина на тавче. Премачкајте го со малку маслиново масло и печете на загреано тефлонско тавче од двете страни додека не зарумени.

3. Тестото премачкајте го со зазики сок, на него ставете го месото и додадете малку ситно исецкан кромид или неколку свежи зеленчукови плодови по желба.

Служете во комбинација со помфрит.

- Реклама -