Комбинацијата на крем и бисквити создава ресани во домашна варијанта.
Состојки:
3 јајца
2 лажици брашно
3 лажици презла
1 лажица гриз
Фил:
1/2 л. млеко + 4 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
250 г. маргарин
100 г. чоколадо
300 г. јафа бисквити
200 г. шлаг
Подготовка:
1. Изматете ги белките пенсато со шеќер, па додадете ги жолчките, брашното, презлата и гризот, добро измешајте и печете во подмачкана тепсија. Би било пожелно да имате округла тепсија од 28 сантиметри . Бисквитите печете ги на 200 степени околу 15 минути. Печените бисквити оладете ги и оставете ги во тепсија.
2. Во млеко додадете шеќер па згответе пудинг, а потоа изладете го. Добро изматете го маргаринот со миксер па измешајте го со оладениот пудинг. Кремот поделете го, па во едниот додадете го растопеното чоколадо. Премачкајте ги бисквитите, најпрво со светол крем, наредете јафа бисквити, па одозгора темен крем. Убаво покријте ги колачите.
3. Колачот украсете го со изматен шлаг и оставете го да се олади, пред да го послужите.