Рецепт: Ладна супа од кора од лубеница

Иако сме навикнати да ја јадеме само сочната црвена внатрешност на лубеницата, време е да го смениме тоа.

Кората од лубеница е исто така јадлива, но и богата со корисни хранливи материи. Во овој дел од лубеницата се наоѓаат витамините Б и Ц, и цитрулин кој се претвора во аргинин, кој е многу важен за здравјето на срцето и за циркулацијата.

Така може да се направи на пример зимница со белиот дел од кората такашто истите ќе се подготват на сличен начин како и киселите краставички. Но може да се направи и нешто набрзина – ладна супа.

Станува збор за белиот дел од лубеницата кој се наоѓа помеѓу слаткиот црвен плод и зелената кора. Иако црвената внатрешност е неспорно највкусна, и белиот дел може да биде вкусен, но на поинаков начин.

Рецептите за супа и салата со белиот дел од лубеницата, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.

- Реклама -