Рецепт: Ги топи килограмите додека спиете, седите или читате книга!

Без премногу напорни тренинзи, ослободете се од вишокот на килограми со помош на лековитите својства на циметот и медот.

Сок кој согорува стотина калории додека вие седите и читате? О да, тоа е и тоа како можно ако ги земете предвид лековитите својства на циметот и медот.

Нивната комбинација ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми.

За подготовка ви е потребно:

● 2 лажици мед
● 1 лажица цимет
● 250мл вода

Препорачаното количество може и да се менува, но важно е секогаш да користите две мери мед и една цимет. Подгответе го количеството од напитокот за кое сметате дека ви е потребно.

За почеток, превријте ја водата која ќе ја прелеете над циметот и потоа почекајте да се излади. Медот го додавате откако напитокот е изладен и имајте на ум дека медот никогаш не се става во врел напиток, во случајов вода.

Половина од напитокот се пие пред спиење, а остатокот наутро пред оброк. И тоа е сè!

Имајте предвид дека напитокот делува само на празен желудник.

- Реклама -