Доколку ви се јаде нешто благо, а не знаете што, подгответе ја оваа прекрасна француска еклер торта и засладете го денот кој почнува!
Состојки: 450 гр крцкав кекс по избор, 500 мл млеко, 2,5 лажички пченкарен сируп, 3 лажици шеќер, 1 жолчка и 1 капка екстакт од ванила. За прелив: 4 лажички шеќер, 2 лажички какао, 1 лажица млеко и 50 гр путер.
Подготовка: Половина од млекото оставете го да се проврие, а додека се загрева во другата половина додајте ја жолчката, сирупот, шеќерот и екстактот од ванила. Измешајте додека убаво не се соедини, па турете го во провриеното млеко и варете со непрестано мешање, додека не се згусне.
Кремот покријте го со пластична фолија и савете го во фрижидер да се излади. Плехот обложете го со фолија, па ставете слој кекс, а потоа нанесете слој крем, па поторувајте ја постапката. На крај завршете со ред кекс.
Подгответе го преливот: Измешајте ги шеќерот и какаото, па додадете ги во млекото и згрејте. Кога ќе почне да врие, додајте го путерот и мешајте додека не се растопи и соедини со млекото. Прелијте преку тортата, па оставете ја тортата во фрижидер да преноќи.