Ретро, винтиџ… Како и да го наречеме, овој стил останува модерен за своето време.
Следните фотографии се токму такви – ретро од денешна гледна точка, но апсолутна класика за вековите наназад.
Фотографиите што ви ги нудиме во продолжение се дело на германскиот моден фотограф Ервин Блуменфелд, кој во далечната 1930 година започнува да фотографира за публикации како “Вог” и “Харпер Базар”.
Заедно со други познати мајстори на фотографијата, тој има огромен придонес во развојот на модната фотографија на дваесеттиот век.