Обраќање на специјалната јавна обвинителка… поранешната де, пред три години, пред целиот колегиум од сега веќе непостоечкото Специјално јавно обвинителство. Тоа што тогаш звучеше како мотивациски говор, со цел да се охрабрат обвинителите да ги издржат многубројните предизвици, од денешен аспект звучи како стpaшно пророштво:
„Тука ве повикав сите, да не дојде до недоразбирање; Додека ме гледате мене, значи ќе постоиме, а јас без вас не одам никаде. Тоа е најважно и нема ништо друго. Највисоко оценета институција е Специјалното јавно обвинителство. Може сѐ да не постои, ама ние ќе постоиме. Да сме живи и здрави“, порача тогаш Катица.
That didn’t age well, што би рекле Американците. СЈО не само што не постои, Јанева не само што е притвор и ја гледаме само преку медиуми, туку и здравјето ѝ е влошено, посебно психичкото, што впрочем ќе биде и една од основите по кои ќе се бара да биде ослободена од притвор и да се брани од слобода, а мерката да биде заменета со други, поблаги мерки на претпазливост – како што најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, која одлуката за притворот ја очекува најдоцна до петок.
Пророкот Катица pic.twitter.com/ulVv86Gzpn
— Имелоски (@Fabrik_a) September 16, 2019
виа Expres.mk