На самиот праг на 86-то издание на престижното доделување на Оскарите, да направиме мал времеплов на ова филмско, но и модно шоу. Имено, пред оваа ера во која на црвениот килим царуваат Бред Пит, Анџелина Џоли, Бредли Купер, Џенифер Лоренс итн., постоеја други ѕвезди како Одри Хепберн, Елизабет Тејлор, Натали Вуд, и слични на нив кои ги крадеа воздишките со сиот гламур кој го носеа на себе. Погледнете ги овие ретро фотофграфии од Оскарите од 50-те, 60-те и 70-те години, кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.