Дизајнот потекнува од 1938-та година, а е предвиден за футуристички планински засолништа. Италијанската дизајн-компанија Cassina ја рекреираше идејата и создаде спејс-шатл модерна кабина со удобен ентериер. Надворешноста е направена од полулесни алуминиумски панели, па структурата е идеална за сурови средини.
Оригиналниот дизајн од 1938-та никогаш не бил изграден, но слични такви се изградено на најнегостопримливите места на светот, меѓу кои и Антарктикот, а и пустинската истражувачка станица на Mars Society. Едноставната додекахедронска форма и металните материјали се специјално дизајнирани да бидат отпорни на ветер, што ја прави структурата стабилна и идеална дури и за места како стрмни карпи и екстремни височини.
Лесниот алуминиум ја прави лесна за транспорт, а ногарките се приспособливи за нерамен терен. Малите прозорчиња и слабо закосениот кров даваат чувство како да се наоѓате во спејс-шатл.
Внатрешноста вклучува и дрвена печка за греење и готвење, а чешмите добиваат вода преку кофи во кои се собира снегот. Покрај ѕидовите има клупи кои можат да се соберат кога не ги користите, а вториот кат е опремен со душеци – идеално за гостинска соба.