Големиот Кањон на реката Колорадо се наполни со облаци, а глетката е воодушевувачка.
Можеби ќе имате чувство дека фотографииве се направени од некоја многу висока точка над облаците, но всушност се работи за поглед од самото дно на кањонот.
Во прашање е екстремно ретко природно изненадување (макар што се случи и лани), феномен кој би требало да се случува отприлика еднаш на 10 години.
Се нарекува „тотална облачна инверзија“, а „облаците се создаваат кога студениот воздух ќе остане заробен меѓу површината на земјата и потоплиот воздух над него“, како што објаснуваaт од National Weather Service.
Синоптичарите претпоставуваат дека облаците ќе се разградат штом ќе пристигне зимски бран и постудени температури, со кои би пристигнал и првиот снег во кањонот.
Со други зборови, можноста да се види оваа прекрасна глетка е кратка, што ја прави уште подрагоцена.