Што не сте знаеле за ресторанската храна

Персонал од ресторан анонимно открива на кои начини лажат рестораните за храната од нивните менија што ја служат.

Знаете ли што се случува во ресторанските кујни кои се скриени од очите на своите гости? Американски инсајдери откриле голем број тајни поврзани со бројни ресторани. Триковите кои се користат во рестораните се безбројни. На пример, во детските оброци се додава шеќер за децата повеќе да уживаат во нив.

Но тоа не е се. Веројатно ви е позната онаа поволна дневна понуда која ја има во речиси сите ресторани секој ден. Всушност, станува збор за стара храна, односно остатоци од оброци од претходните денови. Сите овие откритија ги собра Reader’s Digest за Good Morning America.

Анонимни келнери прозбореле и за други лаги кои им се сервираат на гостите. Една од нив се однесува на вегетаријанците. На нив најчесто им се кажува дека во оброкот нема месо или риба, иако тоа е ноторна лага. Важно е само да се продаде, открива анонимниот персонал. Понатаму, на гостите кои бараат безкофеинско кафе им се продава обично, со кофеин, бидејќи е поевтино, но сепак го наплаќаат како кафе без кофеин.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Иако гостите многу често во кафето бараат диетално млеко, сепак добиваат полномасно. И обичните доручеци сокриваат тајни, па така најчесто наместо вистински јајца се користат јајца во прав кои не се нималку здрава намирница.

Судејќи според овие откритија, под знак прашалник е и хигиената во рестораните. На пример, кришката лимон која ја добивате во сокот или коктелот речиси никогаш не е измиена! Да се потсетиме, станува збор за овошје кое поминува низ многу раце пред да стигне во вашата чаша или чинија.

Анонимните келнери откриваат и дека рибата во рестораните речиси никогаш не е свежа, туку ја добиваат еднаш или два пати неделно, но цело време ја продаваат како свежа.

- Реклама -