Ресторан нуди попуст за вечерање без телефон

Некогаш е убаво да го имате вашиот смартфон за време на вечера, гледајќи во екранот избегнувајќи ги маките на разговор со вистински луѓе. Но сега еден ресторан во Лос Анџелес нуди попуст ако го оставите вашиот телефон.

Идејата потекнува од сопственикот и главен готвач Марк Голд: „Се обидуваме да создадеме амбиент во кој можете да се опуштите и да уживате во искуството на добра храна и друштво.“ Во повеќето ресторани во 2012 година луѓето не можат да се опуштат подолго од десетина минути.

Модерниот оброк е полн со ѕиркање под масата, пишување пораки на слепо, чекирање во апликации и за жал премногу често, телефони оставени на масата. Телефоните стојат таму, вибрираат, светкаат и зујат крај приборот за јадење.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Голд нуди попуст од 5 проценти за оставање на вашиот телефон на рецепција што не е навистина многу – иако во неговиот ресторан кој служи предјадења со почетна цена од 45 долари, 5 проценти можат да помогнат. Тој вели дека речиси половина од посетителите ја прифаќаат понудата. За колкав попуст вие би го оставиле телефонот, 5 проценти, 10? [LA restaurant offers discount for dining without your phone]

- Реклама -