Реставрацијата му ја расплака мајката на Кинескиот ѕид

_91345009_concretewall4[1]

Во 2014-та, дел од Кинескиот ѕид бил „реставриран“. Од икс причини, јавноста тоа го забележа дури деновиве. А има што да се види – му ја расплакале мајката.

Реставрацијата на 700 години стариот Кинески ѕид изгледа вака: посипан слој од бел цемент…

Кинезите се бесни. Експертите уште побесни. „Ова е толку лошо одработено што веројатно можете да го видите и од вселената“, пишува СиЕнЕн.

Wall_1-large_trans++14eNwzJLvYQJbXrcyyarlAX7EDSpi0uYlwrCbifwTgQ[1]

Директорот на здружението за заштита на Кинескиот ѕид – Донг Џаохуи, вели дека реставрацијата е изведена „многу лошо“: „Упропастен е оригиналниот изглед и од народот е одземен важен дел од историјата“.

Wall_2-large_trans++Rkoob2OfD27kEWQQcHX40oMgS4Zd_nvCtxOLqYKfDhI[1]

Коментарите на интернет, како и секогаш, креативни:

„Добро што ‘Афродита од Милос‘ не се наоѓа во Кина, бидејќи ќе и додадеа рака“.

wall_long-xlarge_trans++xuFCpqIkoGDfFd5rCzvUCpZgXjd7E34lYsEeyzeCqqg[1]

- Реклама -