Решете се од забоболката за 7 минути

Забоболката е една од најнепријатните болки кои можат да ги имаат луѓето. Но, со помош на еден мошне едноставен трик кој вклучува само една коцка мраз, болката ќе исчезне уште додека сте на пат кон стоматологот.

Истражувањата спроведени во Канада во текот на осумдесетите години, покажале дека забоболката можете да ја отстраните, или барем да ја ублажите, и без воопшто да ја отворите устата.

holding an ice cube DBT

Се што ви е потребно е коцка лед која ќе ја ставите на просторот меѓу палецот и показалецот, и со нежни потези да го триете ова подрачје 5 до 7 минути.

Според истражувањата, токму овој простор на дланката е местото каде завршуваат нервите кои се поврзани со центарот за болка во мозокот кои го контролираат степенот на болка во рацете и главата.

Триењето со лед ги блокира овие центри, а 90% од испитаниците кои учествувале во истражувањето изјавиле дека оваа техника им ги ублажила тешкотиите.

- Реклама -