Решете се од тинејџерските болки: 4 причини зошто и понатаму ве мачат акни

Акните секогаш сме ги поврзувале со тинејџерските денови, но иако пубертетот одамна поминал, тие се уште се тука?

Еве каде е проблемот.

Понекогаш ситните навики, сосема несвесно доведуваат до трајни последици, иако на прв поглед тоа не изгледа така.

Акните се создаваат поради стрес или поради реакција на некој производ и тоа се факти на кои што не можеме да влијаеме освен ако не престанеме да користиме одредени производи, односно да се обидеме помалку да се нервираме.

Од друга страна, тука се нашите ситни навики од кои што не се ослободуваме, бидејќи честопати не сме ни свесни дека ни штетат.

Да погледнеме кои се тие:

– Многумина погрешно веруваат дека сушењето на мрсната или комбинирана кожа е решение за проблемот со акните, па затоа посегнуваат по производи со алкохол. Сосема погрешно, бидејќи исушената кожа е токму онаа што ги поттикнува акните. Затоа, погледнете ги состојките.

– Бензил пероксид е силна антибактериска состојка на препаратите против акни, а бројни клинички студии во изминатите 30 години го докажале неговото дејство во редуктирање на пропионибактериум ацнес. Оваа состојка ги чисти мртвите ќелии на кожата и ги елиминира вишокот на масла и себум во фоликулите, спречувајќи понатамошен процес на воспалувања. Посебно е делотворен во комбинација со антибиотички лосиони или креми. Важно е меѓутоа, препаратот да не содржи повеќе од 5 проценти бензил пероксид, иако е дозволен максимум од 10 отсто, бидејќи премногу ќе ја исуши кожата и ќе создаде дополнителни акни.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

– Знаеме дека е тешко да одолеете на пукање на акните, но обидете се тој дел од работата да им го оставите на професионалнците. Дома користете пилинг и производи за чистење на порите, кои ќе го ублажат проблемот.

– Третирањето на рани од акните не смее да се сведува само на нивно прикривање. Наместо по коректор, посегнете по третман кој ќе ја ренегерира кожата и ќе и помогне да заздрави. Коректорот само моментално ги прекрива недостатоците, но нема да ги излекува.

zena-pred-ogledalo

- Реклама -