Скратувањето на косата не секогаш е најдоброто решение за расцветаните врвови на влакната, а особено не е практично кога сте се одлучиле да ја пуштите косата и да ја носите долга. Но еве, со овој природен лек ќе можете да го решите овој проблем.
Следниве методи базирани на јајце се една од најдобрите опции кои ќе ви помогнат вашата коса повторно да биде здрава.
Метод 1: Нанесете жолчка помешана со 2-3 лажици маслиново или бадемово масло и една лажица мед. Ова искористете го како маска и оставете ја да отстои на косата околу половина час. Потоа измијте ја косата со шампон.
Метод 2: Изматете јајца и додајте лажичка бадемово масло. Смесата нанесете ја на влажна коса, и оставете да отстои половина час. Потоа измијте ја косата со шампон.