Корисен совет од областа на здравјето.
Една чаша сок од домати на ден може да помогне во олеснување на симптомите на менопаузата, според истражувачите од Медицинскиот универзитет во Токио.
Научниците откриле дека пиењето на 200 грама сок од домати на ден во период од осум недели има значителен ефект врз општите симптоми на менопаузата како холестерол и високи нивоа на анксиозност.
Во истражувањето учествувале 93 жени кои редовно пиеле сок од домати. Резултатите, објавени во “Nutrition Journal”, покажуваат дека на крајот на студијата, симптомите на менопаузата – вклучувајќи анксиозност, топлотни бранови и раздразливост, биле намалени речиси за половина.
Освен тоа, жените согорувале повеќе калории, а нивните нивоа на мастите во крвта исто опаднале.
Претходните истражувања покажаа дека состојките во доматниот сок како гама-аминобутерна киселина дејствуваат на сличен начин на хормонот естроген.