Решение за градската чистота?

КсианјангНе е лесно да се владее со Кина. „Царот е далеку, а планините се високи“ е кинеска поговорка која долго време се користи како објаснување зошто некои закони донесени во Пекинг не се почитуваат на целата територија. Но, некогаш законите и политиките од Пекинг имаат неочекуван дочек во провинциите.

Не е лесно да се владее со Кина. „Царот е далеку, а планините се високи“ е кинеска поговорка која долго време се користи како објаснување зошто некои закони донесени во Пекинг не се почитуваат на целата територија. Но, некогаш законите и политиките од Пекинг имаат неочекуван дочек во провинциите.

Ксианјанг

Градот Ксианјанг, чие раководство сакало да ја добие титулата „Најчист град во Нацијата“ решила да ги мотивира жителите да расчистуваат, така што им понудиле по 5 фени (помалку од еден американски цент) за секој отпушок најден на улица кој ќе го донесат во локалното биро за комунална хигиена. Но, оваа понуда очигледно била предобра за жителите на градот кои веднаш решиле да ја искористат оваа ретка шанса. Набрзо по објавувањето на понудата, на улиците во градот не можел да се најде ниту еден отпушок.

Ксианјанг

Но, и покрај тоа, во бирото за комунална хигиена и понатаму пристигаат отпушоци, од стартот на акцијата до сега биле собрани околу 7 милиони. Никој не може да објасни од каде доаѓаат сите овие отпушоци, но се претпоставува дека некои луѓе ги собираат од по интернет кафеата и кантите за ѓубре. Ако градското раководство реши да го исполни ветувањето, градската каса ќе биде олеснета за околу 50 илјади американски долари, што и не е мала сума за провинцијална Кина. Поради големиот одговор, некои центри за собирање сега започнале да бараат сведоци за тоа дали отпушокот бил најден на улица или не.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
- Реклама -