Решение против камен во бубрег, со помош на билки

Чајот од бел јасен, традиционално се подготвува за лечење на болети на бубрезите, мочниот меур, желудникот и цревата, реуматските тешкотии, како и за пролетно чистење на организмот.

 

Препаратите од лисјата од оваа билка, лечат разни болести, ја поттикнуваат работата на цревата и помагаат кај реуматските тешкотии.

Јасенот (науч. Fraxinus) е род на цветни растенија од фамилијата Маслинки (Oleaceae). Опфаќа 45-65 вида на средни до големи дрва кои се претежно листопадни, со неколку суптропски зимзелени видови. Листовите се спротивно поставени и непарно перести, но и прости кај неколку вида. Семето се содржи во плодови кои се крилести оревчиња.

Во Република Македонија, како автохтони се застапени белиот или обичен јасен (F. excelsior), полскиот јасен (F. angustifolia) и црниот јасен (F. ornus).[2]

Цветот на белиот јасен е старо и народно средство за лечење на змијски гриз на отровна змија ( силен чај од цветот)

 

Рецепти

ЧАЈ ОД ЛИСТОТ – 1 супена лажица листови, 2 дл. вода

Упаство за подготовка: 1 супена лажица од суви лисја на бел јасен, прелејте ги со врела вода, поклопете да отсројат 15 минути, па потоа процедете ги.ж

Користење – 2-3 шолји чај се појат во текот на целиот ден, пред јадење.

 

ЧАЈ ОД КОРА – 1 супена лажица иситнена кора, 2 дл вода

Упатство за подготовка – се варат кратко околу минута – две, се поклопува да отстои 10 минути, па се цеди

Користење – Се пијат 2-3 шолји дневно, по јадењето.

 

ЧАЈ ОД СЕМКИ – 1 супена лажива семки, 2 дл. вода

Упатство за подготовка – Кратко се вари, околу минута – две, се поклопува да отстои 10 минути, па се цеди.

Користење – Се пијат 2 -3 шолји чај на ден, по јадење.

 

СИРУП – 50 г. семе, 4 дл вода, 400 г. шеќер

Упатство за подготовка – Здробеното семе се готви на тивок оган околу 15 минути, се поклопува да отстои 1 час и се цеди. Се меша шеќер и повторно се става да се вари. Мешајќи, се готви на тивок оган додека не ја добие посакуваната густина.

Користење – Зимате 2-3 пати по супена лажица сируп со вода или чај.

- Реклама -