Репортер – спасувач (видео)

спасувањеАдам Родригез не е тип на новинар кој се задоволува само со известување. Неодамна додека известувал за поплави во Арканзас за телевизиската станица KARK, тој забележал жена која заглавила во водата со своето возило. Со оглед на опасноста со која се соочувала жената Родригез решил да ја спаси.

Тој влегол во водата врзан со јаже, по што тој и жената биле извлечени на суво. А што правел камерманот додека Адам Родригез го ризикувал својот живот? Тој не се поместил од место и го снимил драматичното спасување.
{youtube}GogmSqtXtVw{/youtube}

- Реклама -