Екипата на „Алфа“ телевизија влезе во црвената зона на Инфективната клиника, каде лекарите и медицинскиот кадар секојдневно се борат за животот на пациентите заразени со Ковид 19. Клиниката е поделена на зелена и црвена зона. Во зелената работите течат речиси нормално, но за да се мине во забранетата зона, каде се лекуваат заразените од коронавирусот, мора да имате целосна заштитна опрема.
Домаќини на екипата на „Алфа“ беа доктор Илир Демири и сестрата Николина. Демири, кој секојдневно со цела своја сила се бори за здравјето на заразените, порачува дека болеста навистина постои и е доста сериозна, а на граѓаните им порачува да ги почитуваат препораките, но и да не се осмелуваат да коментираат нешто што не го разбираат, а совети да слушаат само од лекари кои се бават со оваа патологија:
„Ентузијазмот е голем, желбата на луѓето да помогнат, не само за мене лично туку на целиот персонал. Има максимална посветеност од колективот кон болните. Јас цело време кажувам дека се работи за сериозна болест, треба мислење да земаат од лекари кои работат со оваа патологија и да не се осмелуваат да даваат коментари за нешто што не го разбираат“, вели Демири. Репортажата погледнете ја ТУКА.