Rent-A-Friend

friends-wantedp.jpg Дали ви требаат пријатели, роднини, па дури и шеф од работа кој ќе
дојде на вашата венчавка затоа што немате кого да викнете? Ако сте во
Јапонија, имате среќа! Нема потреба од запознавање – изнајмете ги!


friends-wanted.jpgДали ви требаат пријатели, роднини, па дури и шеф од работа кој ќе дојде на вашата венчавка затоа што немате кого да викнете? Ако сте во Јапонија, имате среќа! Нема потреба од запознавање – изнајмете ги!

Компанија од Токио по име Office Agents изнајмува пријатели, колеги од работа па дури и роднини за да ја наполни гостинската листа.

За 127 фунти, еден од агентите на оваа компанија ќе присуствува на вашата свадба, додека срцепарателен говор ќе чини екстра 64 фунти, а песна или танц уште дополнителни 32 фунти. Вака, невестите или младоженците кои сакаат да го импресионираат семејството на партнерот сега може да ја наполнат листата со лажни гости.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Со рецесијата, оваа компанија расте затоа што луѓето во Јапонија изнајмуваат лажни шефови и колеги со цел да го прикријат срамот од отпуштање од работа. [Japanese company does thriving trade in ‘fake friends’]

- Реклама -