Во следната генерација на Renault Megane ќе се појави и кросовер, соопшти шефот на одделот за планирање на француската компанија, Филип Клајн пред некои медиуми.
Моделот ќе биде проектиран и изграден на новата модуларна платформа Common Module Family која ќе биде користена и кај следната генерација на компактниот ван Scenic. Според Клајн, идниот кросовер Megane ќе биде доста близок до следната генерација на Nissan Qashqai, која треба да ја видиме догодина. Тој сепак е категоричен дека тоа ќе биде еден целосно самостоен модел, а не Megane со повисок клиренс. Единствениот проблем на новата платформа е дека таа не може да биде прилагодена кон машини со управувач од десната страна.
Главниот дизајнер на Renault, Лоренс ван дер Акер, исто така има свој став, едниоставно ги отфрла претпоставките дека кросоверот врз база на Megane всушност ќе претставува поголем Captur.
-Многумина мислеа дека Captur ќе личи на надуен Clio, но ние го докажавме спротивното. Бидете сигурни дека новата машина од семејството Megane ќе има еден навистина уникатен изглед, коментира Ван дер Акер.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус