Францускиот производител подготвува за земјите со растечки економии два нови буџетски модели. Тие се развиваат во соработка со глобалниот партнер на Французите, Nissan.
Првиот од двата модели со цена од околу 3.800 долари ќе биде директен конкурент на најевтиниот сериски автомобил на светот, индискиот Tata Nano, додека вториот ќе биде нешто поскап и ќе се нуди за цена од 6.400 долари.
Двата нови модели, комплетно наменети за урбаните средини, ќе се прават во фабриката на брендот во индискиот град Мадрас.
Новите автомобили ќе се ориентираат првенствено на пазарите во Азија и засега Renault не планира нивно пласирање на европскиот пазар. Најверојатно еден, или пак двата модели ќе го носат амблемот на воскреснатата неодамна марка на Nissan – Datsun, а производството ќе стартува во почетокот на 2014 година.
Главни пазари за новите возила во главно ќе се Русија, Индонезија и Индија…