Renault го претстави новиот Megane седан

16c18085-18b5-445e-bc30-e5d20865cba6_790[1]

Во зависност од пазарот, новиот Megane седан ќе се нуди со избор меѓу два бензински- SCe 115 и TCe 130 и три дизелски- dCi 90, dCi 110 и dCi 130, модификации. Достапни трансмисии се пет-брзинскиот рачен менувач за првите верзии, шест-брзински мануелен и шест или седумстепен автоматски за преостанатите. Во опременоста на возилото ќе можат да одберат системи како R-LINK 2 и MULTI-SENSE, head-up дисплеј во боја, паркинг асистент и други. Капацитетот на багажниот простор на новиот Megane е 508 литри, а пристапот до него е дополнително олеснет благодарение на системот за далечинско отворање Easy Trunk Access.

17d2e1ee-2216-4efa-8dd5-c4ebd1b689f2[1]

Четиривратата верзија на Renault Megane, која ќе се произведува во фабриката на француската марка во Турција, ќе се нуди во Алжир, Саудиска Арабија, Австралија, Бугарија, Хрватска, Египет, ОАЕ, Естонија, Унгарија, Ирска, Италија, Израел, Латвија, Либан , Литванија, Мароко, Полска, Чешка, Романија, Србија, Македонија, Словенија, Тунис, Турција и Украина.

Автоплус

- Реклама -