На овогодинешното издание на трката 24 часа Ле Ман, Renault ја претстави целосно нова концептна верзија Alpine Celebration. Од француската компанија велат дека возилото е создадено во чест на шесте децении наследство на легендарната марка Alpine.
Од Renault потврдуваат дека главна ролја кај оваа креација се акцентите во ретро стил и дизајнерски решенија. Елегантен, но во исто време со јасна референца кон минатото, возилото го носи со себе духот на изминатите успеси, а јаглеродните детали потсетуваат на современите трендови на високите технологии, кои се користени за неговата развој.
Од Renault најавија дека во текот на оваа година, новата Alpine Celebration ќе биде демонстрирана и ќе учествува во неколку специјално организирани манидфестации во чест на 60-годишнината на брендот. Две од главните од нив ќе се одржат за време на овогодинешното издание на Goodwood Festival of Speed (26-28 јуни) и Alpine Saga (11-13 септември).