Рекордни 386 новозаразени од рекордни 2.267 тестирања, вкупниот број надмина 20 илјади

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени рекордни 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во:

• Скопје-178,
• Куманово-18,
• Дебар-1,
• Штип-8,
• Прилеп-20,
• Тетово-13,
• Струга-9,
• Велес-5,
• Битола-13,
• Охрид-7,
• Кавадарци-3,
• Гостивар-4,
• Гевгелија-18,
• Струмица-44,
• Крива Паланка-7,
• Радовиш-4,
• Кочани-10,
• Пробиштип-1,
• Македонски Брод-1,
• Берово-7,
• Валандово-3,
• Виница-2,
• Делчево-1,
• Свети Николе-3,
• Кичево-4,
• Неготино-2.

Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од:

-Скопје 61
-Куманово 23
-Дебар 1
-Штип 4
-Прилеп 9
-Тетово 5
-Струга 2
-Велес 5
-Битола 6
-Гостивар 2
-Гевгелија 1
-Струмица 15
-Крива Паланка 2
-Радовиш 2
-Кочани 1
-Пробиштип 2
-Берово 4
-Делчево 1
-Свети Николе 3
-Кичево 5

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3373.

 

- Реклама -