Студентите по втор пат излегоа на протести против воведување на државен испит на факултетите.
Тие беа излезени два часа и во двојно поголем број, за разлика од минатиот протест.
Црвените хартиени кругови околу вратот, симболично претставуваа спротивставување на обидите за политички етикетирања од страна на власта или опозицијата.
Со тоа самите студенти се оградија од нападите дека протестираат за целите на една или друга политичка опција, туку ги бранат своите интереси и јавно го искажуваат несогласувањето со водевдување на оваа мерка.
Студентите до владата доставија барање во кое на шест страници ги изнесуват нивните аргументи против воведување државен испит на факултетите.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од протестите, споделени на Твитер.