Во текот на октомври на Лезбос пристигнале 2.216 мигранти, што е рекорден број во однос на другите месеци откако трае мигрантската криза.
Во септември пак, на Лезбос пристигнале 2.170 мигранти. Овој остров е најпрометна точка во Егејското Море, бидејќи преку него најголем број бегалци стапнуваат на тлото на Европа.
Бројот на мигранти кои пристигнале преку сите острови во северниот дел од Егејското Море изнесува вкупно 3.478 лица.
Во турскиот дел на морето, од страна на крајбрежните служби, биле вратени 2.729 мигранти кои се обиделе преку Турција да влезат во Европа.