Рекорден број граѓани казнети за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие (29/30.05) на територијата на Република Северна Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се по едно лице кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 562 прекршоци.

- Реклама -