Брзински рекорд со тешка машинерија (видео)

Минатиот месец, на патеката Андерсторп, Шведска, беше поставен нов светски рекорд во максимална брзина на движење на челен натоварувач.

Новиот светски рекорд од 103 километри на час е поставен со посебен прототип Volvo L60G PCP (Performance Concept Prototype), во кој, според условите, за резултатот биде официјализиран, морало да бидат користени стандардни делови од сериската верзија на натоварувачи L60G.

{youtube}0X_L3GypeDk{/youtube}

Услов, исто така, било машината да користи биодизел гориво. За постигнување на крајниот успех, искусната операторка на овој натоварувач, Карин Олсон (28), користела специјални гуми VHS (V-Steel Highway Service) со големина 525/80 R25, обезбедени од Bridgestone и напумпани на 5 бари.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -