Со цел намалување на јазот помеѓу различните народи, култури и религии, Бенетон лансираше нова рекламна кампања со серија фотошопирани фотографии од светските политички и религиски лидери, во повеќе од пријателски пози. Уште на стартот, кампањата наиде на остри реакции, најмногу од Ватикан, кои бараат повлекување на „невкусните слики“.