По неколку месеци исчекување, Apple го презентираше пред Американците својот најнов производ – смартчасовниците.
Компанијата сега ги нуди за продажба уредите, но само преку нарачки онлајн и во неколку луксузни продавници. Ова го потврди и комерцијалниот директор-ѕвездата на Apple – Анџела Арендс.
Самата Арендс признава дека била напаѓана од стотици барања за започнување со продажбата на Apple Watch.
За да го одбележи почетокот на производот на пазарот, Apple претстави три нови реклами, кои ги потенцираат начините на кои што тој може да се користи во секојдневниот живот.
Рекламите се насловени “Rise”, “Up” и “Us”, а во нив се гледа дека новиот Apple Watch може да се користи наутро – како будилник, за да се проверуваат летови, за комуникација, да се бараат правци на движење и при телефонски повици.
Еве ги и рекламите.