Рекламите се селат на небото

DisneyEarsJPG

Заврши изградбата на уште една соларна фарма со форма на заштитното лого на компанијата Дизни – силуета од главата на Мики Маус. Не се работи за некаква коинциденција; напротив, тоа е само уште еден чекор во рекламниот марш на брендовите, кој, којзнае, можеби ќе заврши со некакви  вселенски плочи во форма на логоа на брендови поставени да ја засенуваат месечината за да ги гледаме и навечер? Веројатно не, ама дека сé почесто ќе ги гледаме од небото – дефинитивно.

Фармата е составена од 48.000 соларни панели, на површина од 8 хектари. Сосема доволно да се види од небото. А тоа не е нова идеја, но е идеја што почнува да добива нов аспект. Сега имаме Google Maps, дронови и Youtube, па луѓето сé повеќе гледаат кон земјата одозгора. И додека ние се восхитуваме на новата перспектива, компаниите видоа нов рекламен простор. Прашањето не е дали, туку колку брзо трендот ќе се рашири.

- Реклама -