Рекламирање кое создава нарачки

Многу реклами промовираат, но не мотивираат.

Кога сакате да видите како клиентите плаќаат за стоките и услугите на вашата компанија? Претпоставуваме веднаш, а за да успеете во тоа постојат бројни фактори и игри на зборови.

Има класични трикови во рекламирањето, кои го прават не само незаборавно, туку и поттикнуваат на акција. Еве 3 едноставни начини да ги натерате клиентите веднаш да се јават на телефон, да влезат на вашиот сајт или да станат од фотелјата и да одат во продавница.

1. Користете во рекламата клучни зборови за итност

Апелите како „купете сега!”, „јавете се”, „Побрзајте!“ и „Променете … Сега!“, навистина имаат ефект, иако веројатно ви се чинат исклиширани и несоодветни. Слични фрази се паметат и поттикнуваат кон дејствување. Имајте на ум дека, сепак, секоја реклама треба да содржи само една таква фраза и таа треба да се споменува само еднаш.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

2. Ставете во рекламата временски период

Ако станува збор за промоција, наведете дека важи до одреден краен датум. Применете важни забелешки како „важи за првите 500 купувачи“ или „само до следната недела“.
Направете го тоа.

3. Не се потпирајте за информации само на корпоративната веб страна

Немојте да ги информирате потрошувачите само преку адресата на корпоративната веб-страница, туку директно негувајте ја врската со клиентите, каде што корисниците можат да ја извршат саканата акција – да се информираат, да се претплатат или да платат. Ако ги каните купувачите да ги посетат вашите продавници, додадете картичка која ќе ги ориентира лесно и ставете рекламни знаци на продавницата, на блиските улици.

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -