Неверојатна реклама за Параолимпијадата што ќе ве расплаче (видео)

Параолимпијците не добиваат зделки или публицитет како нивните колеги од Олимпијадата, но нивните приказни се уште поинспиративни.

Ова станува очигледно во оваа реклама на британскиот Канал 4, официјалниот медиумски покровител на Параолимпијадата. Видеото со наслов “Meet the Superhumans” и “Harder Than You Think” на Public Enemy во позадина во 90 секунди ги покажува Параолимписките пливачи, кошаркари, спринтери и други спортисти кои даваат сè од себе.

{youtube}vavJK1McHUo{/youtube}

Она што ја прави рекламата моќна е прикажувањето на проблемите кои Параолимпијците мораат да ги надминат – како воени повреди, вродени дефекти и сообраќајни несреќи.

- Реклама -