Новата реклама на Кока-Кола против дебелеење

Одкако „Центарот за заштита и јавен интерес“ ја искритикува Кока-Кола и ја наведе како еден од главните причинители за високото ниво на дијабетис и дебелина во Америка, гигантот за пијалоци оваа недела ја претстави новата двеминутна кампања која се занимава со овој проблем.Од рекламата може да се заклучи дека и пијалоците на големата компанија можат да одиграат важна улога во борбата против дебелината. Впрочем, тие укажуваат дека од нивните 650 производи, дури 180 се ниско калоричен избор.

Истовремено, како дел од кампањата против дебелеењето, тимот од Кока-Кола наведува и неколку иницијативи, вклучувајќи го одбележувањето на хранливоста, посебни училишни пакувања и кока-кола фитнес програми.

Сепак, главниот директор на „Центарот за заштита и јавен интерес“, Мајкл Џејкобсон, овој потег го карактеризираше само како очаен начин на Кока-Кола да ги одтргне широко прифатените поврзувања со проблемот кој ја мачи денешната генерација. Тој воедно изјави дека доколку тие биле сериозно загрижени, ќе престанат да произведуваат високо калорични пијалоци.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Во продолжение погледнете ја рекламата која предизвика низа различни реакции и пресудете самите дали е ова искрен напор на компанијата да помогне во решавањето на проблемот, или само очаен обид за неутрализирање на критиките.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=zybnaPqzJ6s[/youtube]

- Реклама -