Река во Кина мистериозно поцрвенела преку ноќ

Во четвртокот изутрина, жителите на Венжу, Источна Кина, се разбудиле во град драстично различен од оној што го познавале. Преку ноќ, реката што течела низ градот ја сменила бојата во крваво-црвена.

ogucdikdwjhi1l9twmrl[1]

Дури ни најстарите не се сеќаваат на сличен настан во историјата на градчето, ниту пак на слични приказни што нивните баби и дедовци им ги раскажале.

wdo7wjdg1uctlizseery[1]

Причината за загадувањето (ако е загадување) е сеуште непозната. Инспектори од Бирото за заштита на животната средина на Венжу сеуште ги анализираат земените примероци, со надеж дека ќе најдат објаснување за инцидентот.

redbloodriver

Локалните велат дека реката течела нормално околу 4 изутрина, но почнала да се зацрвенува околу 6.00 часот, и за кратко се претворила во „крваво-црвена“, како што ја опишуваат. И не се радувајте премногу дека погодивте, не се работи за хемикалии испуштени во реката. Жителите инсистираат дека не постои ниту една фабрика по течението на реката.pn6anpoteb23bzt14a5u[1]

- Реклама -