Како што објавија денеска медиумите на албански, реисот Сулејман Реџепи повторно се ожени, и тоа со 50 години помлада сопруга. Поглаварот на ИВЗ има 74 години, додека неговата нова животна сопатничка има 24.
Се работи за Емина Јетиши од Скопје, која е потпретседателка на огранокот на Демократската унија за интеграција во Студеничани, објави „Либертас“. Од партијата, за „Плусинфо“, потврдуваат дека Јетиши е новата сопруга на реисот. „Либертас“ дојде и до фотографија од моментот кога двајцата младенците се закoлнаа на љубов.