Редок природен феномен во „Големиот Кањон“ во САД (фото)

Ретка и импресивна приредба на природата.

Она што го гледате на сликата е Големиот Кањон на реката Колорадо во САД, комплетно прекриен со облаци, што е екстремно ретка прилика – објаснува ренџерот Ерин Витакер од националниот парк. Уште понеобично, ова се случи два пати во само три дена.

„Кањонот ни приреди второ ретко изненадување во само 3 дена. Вчера, студената магла доминираше, но до крајот на денот сонцето ја растера и ги направи посетителите екстремно среќни. Информацијата се прошири како пожар, а од секаде доаѓаа посетители за да го фотографираат. Колку фантастична глетка!“, возбудено раскажува таа.

Иако вистината е дека овој настан се случува отприлика еднаш на десет години, никогаш до сега не бил со ваков интензитет.

Феноменот се нарекува „инверзија“ – топлиот воздух на горните слоеви на кањонот ги заробува студениот воздух и маглата на пониските слоеви.

9 8 7 6 5 4 3 2 1

 

- Реклама -